28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите британски компании не се подготвени за Вrexit

Најголемите британски компании не се подготвени за Вrexit

brexit13333

Најголемите британски компании го поддржуваат останувањето на земјата во Европската унија (ЕУ). Сепак најголемиот дел од нив се целосно неподготвени за евентуален „Brexit“ (излегувањето на Велика Британија од ЕУ), ако Британците одлучат да гласаат за напуштање на заедницата на 23-ти јуни оваа година.

Ова се главните заклучоци од тримесечно истражување на „Deloitte“, кое опфаќа 120 главни финансиски директори на големи компании на Островот и е спроведено меѓу 8-ми и 21-ви март, пишува „Business Insider“.

Иако 120-те директори може да не се огласи како доволно голем примерок, всушност резултатите се прилично репрезентативни. Во истражувањето учествувале финансиските директори на 20 компании од составот на индексот „FTSE 100“ и 55 директори на компании од „FTSE 250“. Вкупната пазарна капитализација на 84-те британски јавни претпријатија опфатени во студијата, е 360 милијарди фунти, или околу 17% од берзата на Островот.

Така истражувањето дава доста добар поглед на процесите и плановите на некои од најголемите британски компании.

Не е изненадување дека 75% од финансиските директори поддржуваат останувањето на земјата во ЕУ. Овој удел се зголемува во однос опфатените во студијата од претходниот квартал – 62%.

Истражувањето е објавено само неколку недели откако генералниот директор на Конфедерацијата на британската индустрија (CBI) Каролин Фаирбаирн изјави дека „напуштањето на ЕУ би предизвикало сериозен шок за британската економија, како и потенцијална штета за БДП-то на Велика Британија во износ од 100 милијарди фунти и 950 илјади работни места до 2020-та година, а негативните последици можат да продолжат многу години потоа“.

Сепак само 26% од финансиските директори изјавиле дека нивната компанија „има направено или е во процес на изготвување на резервен план за евентуално излегување на Британија од ЕУ“. Околу 53% експлицитно изјавиле дека немале такви планови.

Тоа значи дека ако Британците сепак одлучат да ја напуштат Унијата, компаниите ќе имаат потешкотии да се справат со транзицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП