4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 7 млн. евра европски пари за заштита од поплави

Нови 7 млн. евра европски пари за заштита од поплави

poplavi

Делегацијата на Европската унија потпиша втор договор во рамките на програмата за санација на штети од поплави во земјата, во износ од седум милиони евра.

Програмата, којашто вкупно има 10 милиони евра на располагање за оваа намена, е со цел да ѝ помогне на Македонија да ги надмине штетите од поплавите предизвикани во 2015 година, да го реконструира и да го надргади системот за превенција во следните две ипол години.

Вториот договор вреден 7 милиони евра е наменет за поддршка на имплемментацијата на приоритетни мерки за намалување на ризиците од поплави во областите кои се најмногу погодени. Првите три милиона евра, договор потпишан во декември 2015 година, беа неменети за реконструкција на оштетените патишта и мостови, а имплементацијата сé уште трае.

Основан од ЕУ, и имплементиран преку УНДП, овој проект за цел ја има оштетената инфраструктура во шест локации на истокот, југоистокот и регионот на Пелагонија, каде би требало да се поправат речните корита, дренажните системи на Црна Река и реката Стурмица, како и да се поправат четирите приоритетни брани Мавровица, Слатина, Дренска Река и Липа.

Проектот ќе ги поддржи релевантните надлежни во воведување нови приоди за подобрување на менаџментот на репарираните срукктури, со што би се максимизирала нивната употреба во контролата на поплаите.

Приодот „building back better” ќе биде употребен за максимизирање на прилагодливоста при идните поплави и ублажување на ризикот од поплави во чувствителните региони во земјата.

Проектот ќе биде имплементиран во тесна соработка со локалните власти на погодените подрачја, Секретаријатот за европска интеграција, Министерството за земјоделство, Министерството за животна средина и во организациите за управување со води.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП