26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален долгот на Германија

Намален долгот на Германија

germanija-ekonomija

Вкупниот долг на Германија, најголемата европска економија е намален за 24 милијарди евра, на 2,153 билиони евра во 2015 година.

Мерено според уделот на долгот во бруто домашниот производ (БДП) вкупниот долг на Германија паднал на 71,2 процeнти од 74,7 проценти во 2014 година, пресмета Бундесбанка.

Според прописите на Европската унија, вкупниот јавен долг на една членка не смее да надмине ниво од 60 проценти од БДП.

Сепак, просекот во ЕУ изнесува 86 проценти, а Германија вети дека до 2020 година ќе го намали сопствениот долг под границата од 60 проценти, наведува АФП.

Јавните финансии на Германија се во суфицит од 2014 година, благодарение на силната домашна економија, ниските каматни стапки, и тоа што владата во Берлин го користи буџетскиот суфицит за намалување на јавниот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП