9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАPanama Papers: Тајни документи како светските богаташи ги кријат парите

Panama Papers: Тајни документи како светските богаташи ги кријат парите

panama-pap

Големото протекување на 11,5 милиони документи од една панамска адвокатска компанија открива како светските богаташи, вклучително и светските политички челници, ги кријат своите пари, објави во неделата германскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung.

Документите потекнуваат од адвокатската компанија „Mossack Fonseca“, за која агенцијата DPА вели дека е една од најзатворените офшор адвокатски компании во светот која со децении неказнето им помагала на клиентите да „перат“ пари и да ги избегнуваат даноците. Од компанијата одговориле дека таа никогаш не била обвинета за кривични прекршоци во перењето пари.

Документите наречени „Panama Papers“ ги набавил весникот Sueddeutsche Zeitung од Минхен. Тој ги споделил со Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари (ICIJ) од Вашингтон и со други медиуми, вклучително и со британски BBC и The Guardian.

Документите од Панама содржат 2,6 терабити податоци, 11,5 милиони документи и 214.000 фиктивни компании. Станува збор за едно од најголемите протекувања на податоци со кое новинарите се сретнале, пишува весникот. Во написот на Sueddeutsche Zeitung, се наведува и дека наводно вработен од компанијата, кому не го открива идентитетот, го ризикувал животот со објавувањето на податоците.

Околу 370 новирани од 78 земји се вклучени во евалуацијата на документите. Засега сите пишувања околу овие документи се водат под назнаката наводно, па така се наведува дека документите водат до најмалку 12 сегашни и поранешни шефови на држави и 128 други политичари вмешани во недозволени финансиски трансакции. Меѓу другите, се наведуваат долгогодишниот соборен египетски автократски претседател Хосни Мубарак, и актуелниот сириски претседател Башар ал-Асад, кого Западот како руски сојузник има намера да го елиминира од политичката сцена по петгодишната крвава војна.

Во тој контекст се наведува и дека „најголемото протекување информации“ „фрла светлина врз финансиските трансакции кои придонеле за богатството на членовите од внатрешниот круг“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Така BBC објави податоци за кои вели дека открива индиции за наводно перење пари во кое влегуваат и најблиските соработници на рускиот челник и на Руската банка, финансиска институција која е под санкции на САД и ЕУ откако црноморскиот полуостров Крим преку референдум си ја поврати автономијата и се приклучи на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП