17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 70 отсто хрватски студенти сакаат да работат во странство

Над 70 отсто хрватски студенти сакаат да работат во странство

hrt

Дури 70,8 отсто од 716 испитани хрватски студенти ќе се обидат да конкурираат на пазарот на трудот надвор од татковината, бидејќи таму гледаат подобри можности и подобри услови за идниот живот, покажало истражувањето за вработеноста и поврзаноста на пазарот на трудот со високото образование, спроведено од Советот на студентите на универзитетите и високите школи во Хрватска.

Кога станува збор за тоа колку се задоволни со информираноста за пазарот на трудот, 67 од испитаниците сметаат дека студентите би требало многу повеќе да бидат информирани за пазарот на трудот и оти стопанствениците, и нивните здруженија би морале повеќе да се вклучат во креирањето на образовните политики но и во самите наставни процеси, пренесува агенцијата Hina.

Тоа дополнително го нагласува и податокот дека 35,3 отсто од студентите ја оценуваат поврзаност на пазарот на трудот и високото образование со оцената 2, дури 27,3 отсто со 1.

Како крајна загрижувачки е оценет фактот дека речиси 71 отсто студенти имаат намера да конкурираат на пазарот на трудот надвор од границите на Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП