11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад од 3,8% во четвртиот квартал од 2015-та забележа Руската економија

Пад од 3,8% во четвртиот квартал од 2015-та забележа Руската економија

ruska

Руската економија се намалила за 3,8% во четвртиот квартал на 2015-та година, објави статистичката служба „Росстат“. Властите ги потврдија податоците за целата 2015-та година, кога БДП се намалува за 3,7 отсто.

Ревидирани се податоците за првиот квартал, а тогаш падот е поголем од првичната проценка (2,8, а не 2,2%). Во вториот и третиот квартал резултатите се ревидирани нагоре. Во периодот април – јуни БДП се намалува за 4,5, а не 4,6 отсто, а во јули – септември тој се намалува за 3,7, а не со 4,1 отсто.

Во 2015-та година рускиот БДП изнесува 80,8 илјади милијарди рубљи (1,2 илјади милијарди долари).

На крајот на годината најголемите зголемувања на годишна основа се регистрираат во земјоделството (+ 3,1%), потрошувачката на комунални услуги (+ 1,4%), екстракција на минерали (+1,1), како и здравството и социјалните услуги (+ 0,4%).

Најголемите падови се во продажбата на големо и мало (-10%), градежништвото (-7,4%), преработувачката индустрија (-5,1%) и хотелите и рестораните (-5,3%).

Проценката на Министерството за економски развој на БДП на Русија во јануари се намалува за 2,7% на годишна основа, во февруари за 0,6 поради подолгиот месец, а во првите два месеци од годинава за 1,6 отсто.

Основното сценарио на Министерството, предвидува пад на БДП за 0,3 отсто во 2016-та година при цена на нафтата од 40 долари.

Попесимистички се очекувањата на централната банка. Регулаторот прогнозира пад меѓу 1,3 и 1,5% во оваа година и главно сценарио со просечна цена на нафтата од 30 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП