21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДвојно се зголемила нето добивката на Газпром за 2015-та година

Двојно се зголемила нето добивката на Газпром за 2015-та година

Production Facilities At OAO Gazprom Neft's Refinery

Нето добивката на рускиот холдинг „Газпром“ се зголемила двојно до 403,522 милијарди рубљи (околу 6 милијарди долари) за 2015-та година според руските сметководствени стандарди, покажуваат податоците од извештајот на компанијата, цитирани од агенциите.

Приходите на холдингот лани се зголемиле за 8,6% до 4,334 илјади милијарди рубљи.

Бруто добивка порасна за 5,51% до 2,068 илјади милијарди рубљи, а добивката пред оданочување се зголемила повеќе од двапати – од 278,081 милијарди рубљи до 434,489 милијарди рубљи.

Добивката од продажба во 2015-та година е намалена за 11,7 отсто до 811,940 милијарди рубљи, а цената се зголеми за 11,6 отсто до 2,265 илјади милијарди рубљи.

Долгорочните обврски на холдингот се зголемиле за 22,4% до 2,087 илјади милијарди рубљи, а краткорочните – со 7,9% до 1,571 илјади милијарди рубљи.

Во првото тримесечје од 2016-та година, „Газпром“ го интензивираше темпото на извоз на сино гориво во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) со 28,6% до 44,406 милијарди кубни метри, посочи претседателот на компанијата Алексеј Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП