24 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаместо на вашите слабости, фокусирајте се на вештините кои ги поседувате

Наместо на вашите слабости, фокусирајте се на вештините кои ги поседувате

50xs

Научени сме да се фокусираме на своите маани, слабости и цел живот се трудиме тие маани да ги корегираме. Не правете го тоа!

Фокусирајте се на своите таленти, доблести, вештини, развивајте ги своите потенцијали наместо да трошите енергија обидувајќи се да ги надминете своите слабости. Што повеќе ја користите вашата внатрешна сила ќе станете подобри. Томас Опон, автор на книгата „Don’t Start A Business, Solve A Problem“, советува како да го направите тоа.

Откријте во што сте најдобри

Не можете да се потпрете на вашите доблести, вештини и таленти ако не знаете кои се. Ако немате идеја по што сте единствени, тогаш малку размислите, сетете се на она во што сте најдобри од сите. Сетете се што е вашата најголема страст. Еден од начините тоа да го сватите е да се сетите што сакате да правите во текот на слободното време на работа.

Иако вашата моментална положба не ви дозволува да го работите она што е вашата најголема љубов започнете со мали, но значајни промени. Во слободното време започнете со курсеви, кои не бараат физична присутност. Кога ќе станете задоволни со својот напредок, разговарајте со работодавците и објаснете им во што сте најдобри и како можете најмногу да придонесете за компанијата во која работите.

Фокусирајте се на една работа

Шансите за успех во животот и работата ќе бидат многу поголеми ако се фокусирате на она во што сте навистина добри. Тоа често го забораваме. До проблем доаѓа кога ќе започнете да работите премногу нешта и тогаш започнувате да го губите вашиот фокус. Наместо тоа секогаш гледајте да се фокусирате на една работа која за вас е најважна. Започнете да го вежбате вашиот фокус уште денес.

Значи, кога нешто работите бидете фокусирани само на тоа. И секако вклучете го мозокот, не работете механички. Трудете се да бидете фокусирани на сите обични работи кои ги работите во денот. Така најлесно ќе ја извежбате својата концентрација и способност за фокусирање.

Вашиот успех зависи од усогласувањето на талентот, вештините и маните во секој момент. Фокусирајте се на она што е најдобро во вас, бидејќи на тоа што се фокусирани, тоа ќе расте. Затоа работете на она во што сте најдобри, за тоа размислувајте, за тоа зборувајте и така ќе бидете се подобри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП