20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Врската помеѓу берзите и главните индекси во САД

График на денот: Врската помеѓу берзите и главните индекси во САД

nsj 33

„NYSE“ и „NASDAQ“ се две од најголемите берзи во светот по пазарна капитализација. Која е нивната врска сепак со главните индекси како „S & P 500“, „S & P 100“ и „Dow Jones Industrial Average“?

Со помош на графикот на „VisualCapitalist“ разбива на мали делови составот на над 4.500 компании со голема пазарна капитализација, кои се тргуваат на „NYSE“ и „NASDAQ“, покажувајќи како се добиваат индексите во моментов.

„S & P 500“, создаден во 1923-та година, се смета за еден од најдобрите главни индикатори на американската берза. Составен од 118 компании од „NASDAQ“ и 382 компании од „NYSE“, тој ги претставува 500-те компании со најголема пазарна капитализација со обични акции, кој влегол на некоја од двете берзи. „S & P 500“ е тип индекс базиран на пазарната капитализација на вклучените во него емисии. Ова значи дека неговите компоненти имаат различна тежина во зависност од вкупната пазарна вредност на нивните неисплатени акции. Колку поголема е една компанија, толку поголемо е нејзиното влијание при одредувањето на цената на основниот индекс.

„S & P 100“ е сличен на „S & P 500“, но е составен само од 100-те најголеми компании на пазарот, вклучувајќи 79 од „NYSE“ и 21 од „NASDAQ“.

„Dow Jones Industrial Average“ пак вклучува 30 компании – 26 од „NYSE“ и 4 од „NASDAQ“. „Dow“ избира компании од секоја индустрија, додека „S & P 100“ вклучува 100-те најголеми компании по пазарна капитализација. Затоа „Travellers Companies“, со пазарна капитализација од 34 милијарди долари, е единствената компанија во „Dow“ која не е дел од „S & P 100“.

stock-exchanges-and-indices111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП