17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија заговара ембарго, а економски најмногу страда

Литванија заговара ембарго, а економски најмногу страда

litvanijaevroopd39ri3

Литванија најмногу се залага за санкциите против Русија, а самата најмногу е погодена од нив и од руските контрасанкции, наведуваат економските портали.

Литванските стопанственици, за разлика од политичарите, ќе се обидат да се вратат на рускиот пазар веднаш штом ќе бидат укинати рестриктивните мерки, наведува агенцијата Блумберг.

Според трговската статистика на ЕУ, од руските контрасанкции извозот на Литванија во Русија паднал за 38 проценти.

Агенцијата објаснува дека млечните и другите производи од Литванија, кои биле познати во советското време, можат да бидат барани само во Русија бидејќи на европските пазари доминираат други „играчи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП