4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина воведе антидампинг надоместок за челикот од Европа

Кина воведе антидампинг надоместок за челикот од Европа

кина-мина

Кина вчера воведе антидампинг надоместок за челикот од Европската унија, Јапонија и Јужна Кореја.

Кинеското Министерство за трговија наведе дека за увозниот челик ќе се плаќа царина од 14,5 до 46,3 проценти, бидејќи кинеските производители претрпеле „значителна штета“ поради несоодветно ниските цени на странскиот челик.

Другите земји ги обвинуваат кинеските челичани дека ги продаваат своите производи по пониски цени со цел да се ослободат од големите залихи.

Во Велика Британија се особено гласни барањата да се воведат антидампинг мерки поради евтиниот кински челик, бидејќи британската индустрија за челик е во голема криза.

Некои од компаниите кои произведуваат челик во Велика Британија наведоа дека ќе извршат реструктуриање во работењето бидејќи се во загуба од неколку милиони фунти поради евтиниот увоз од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП