7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРобин Рајт во преговори за продолжението на „Blade Runner“

Робин Рајт во преговори за продолжението на „Blade Runner“

robin

Американската актерка Робин Рајт води преговори за улога во продолжението на култниот филм „Blade Runner“ во кој ќе им се придружи на колегите Харисон форд и Рајан Гослинг, пренесува магазинот Variety.

Продуцентската куќа „ Alcon Entertanimnent“, којашто ја најави премиерата за 12-ти јануари 2018 година, не објави која улога ѝ е наменета за Робин Рајт која се прослави с хит серијата „Куќа од карти“, со објаснување дека дејствието во продолжението чиешто снимање за почнува овој јули ќе се одвива неколку децении по онаа од првиот „Blade Runner“.

Филмот од 1982 година настанат по книжевното дело на еден од најголемите автори на научната фантастика, американскиот писател Филип К. Дик „Сонуваат ли андроидите електрични овци?“.

Во продолжувањето на филмот, чиј наслов сé уште не е познат, Харисон Форд повторно ќе го игра Рик Декард, член на специјалната полициска организација Истребувачи, чија задача во првиот филм беше елиминирање на репликантите, андроид кои ги создала голема корпорација. Дејствието беше сместено во 2019 година, а се одвиваше во пренаселениот и валкан Лос Анџелес.

Продуцент ќе биде режисерот на првиот филм Ридли Скопт, а ќе го режира Денис Вилнев, кој се прослави со филмот „Sicario“. Сценариото го напишал Мајкл Грин, а е настанато по белешки на Ридли Скот и Хемптон Феншер.

Робин Рајт, која следната седмица ќе наполни 50 години, досега има остварено низа ролји во триесетина филмови, меѓу кои се „Белиот олеандар“ и „Форест Гамп“. Неодамна го доби Златниот глобус за улогата на американската прва дама Клер Андервуд во серијата „Куќа од карти“ која четврта сезона се емитува на Netflix, во која партнер ѝ е Кевин Спејси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП