23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција загубила 50 милијарди евра инвестиции за време на кризата

Грција загубила 50 милијарди евра инвестиции за време на кризата

voz gr 33

Грција загубила околу 50 милијарди евра во форма на пропуштени инвестиции во однос на инфраструктурата во текот на годините на кризата, покажува истражувањето, цитирано од медиумите.

Податоците покажуваат дека во периодот на кризата во Грција биле извршени малку инвестиции во инфраструктурата. Во 2006-та година тие се сочинуваат на 3,7 отсто од БДП на земјата, а во 2015-та година – 1,1 отсто, а загубите на годишна база изнесувале 5,7 милијарди евра.

Најпогодена од длабоката рецесија и буџетските ограничувања во Грција била инфраструктурата, како резултат на што работните места се намалени за 53 отсто од 2009-та година.

Бројот на планираните и исклучително инфраструктурни проекти се зголеми значително во текот на годините на кризата, а нивната вредност изнесува 20,7 милијарди евра до 2022-ра година.

Од вкупно 78 проекти, кои треба да бидат реализирани во наредните шест години, 39 се однесуваат на патишта, пристаништа и аеродроми, 15 се поврзани со енергетскиот сектор, 12 со железничка мрежата и 12 со водоснабдувањето и управувањето со отпадните води.

Повеќето од инфраструктурните проекти кои се во тек, се одложуваат, исто доцни нивното финансирање и доделување. Се смета дека ефективното искористување на средства по линија на новата Национална стратешка рамка за развој (ЕСПА), создавање на стимулации за учество на приватниот сектор и постепено зголемување на државно финансирање се од витално значење за заживување на инвестициите во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП