2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје се смееше на Априлијада 2016

Скопје се смееше на Априлијада 2016

aprilijada

Во петок, на плоштадот „Македонија“, деца од сите возрасти дојдоа да бидат дел од забавата под маски „Априлијада 2016-Скопје се смее“, што традиционално  ја организираат  Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје, па така се прошетаа, буба мари, спајдермени, супермени, каубојци, принцези, тигри и други.

„Под мотото „Скопје се смее“, секоја година го одбележуваме 1 април, денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови коишто го прославуваат овој ден. Денеска, од претпладневните, па се до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од најмала, па до најстара возраст  ќе се забавуваат, дружат и шегуваат. Први април е денот кога децата, учениците, студентите  и граѓаните на Скопје,  можат да се маскираат во бетмени, кловнови, принцези и принцеви, односно во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови“, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Првиот дел од манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее е наменета  за сите училишта, градинки, деца и граѓани на град Скопје и на околината. Во дневниот дел од забавата со маски, продефилираа многу принцови, принцези, кловнови, Маши, самовили, Супермени и Бетмени.  За присутните деца настапија и  фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на Плоштад Македонија ќе настапат: Пиреја –Етно бенд, Коста Костовски, Кристина Арнаудова,Сашо Гигов –Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, Групата- THE NOISE MAKERS, маскирани посетители ќе продефилираат на сцената, ќе има и други изненадувања, да не откриваме се, а за крај и настап на  Диџеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП