ПочетнаКАРИЕРАПрашања на интервјуто за работа кои се непрофесионални или противзаконски

Прашања на интервјуто за работа кои се непрофесионални или противзаконски

business, career and office concept - smiling businesswoman at job interview in office

На интервјуто за работа може да ви бидат поставени прашања за вашиот личниот живот или здравјето, кои не се поврзани за работата…

Ова се некои од прашањата со кои би требало да бидете внимателни и воопшто не треба да се доведувате во непријатна состојба и да ги одговарате:

1. Дали сте омажени/оженети, разведени или неомажени/неоженети?

2. Какво е вашето здравје?

3. Дали редовно одите во црква?

4. Имате ли финансиски долгови?

5. Дали сте кираџија или живеете во сопствен дом?

6.На која верска, политичка и социјална организација и припаѓате?

7. Имате ли деца? или Дали планирате да имате деца?

8. Дали некогаш сте биле уапсени и поради што?

9. Колку килограми имате?

10. Колку сте високи?

11. Како вашиот сопруг/сопруга заработува за живот? А како вашите родители?

12. Кој се грижи за вашето дете? Дали имате помош околу тоа? Дали губите од работното време поради проблеми со децата?

13. Дали некогаш сте биле сериозно болни или сте имате потешка повреда?

14. Постојат ли некои лични, семејни или здравствени околности кои би ја ограничиле вашата способност да функционирате на ова работно место?

15. Со кој живеете?

16. Кој ве издржува додека барате работа?

17. Каде сте родени?

18. Од кое подрачје е вашиот акцент?

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП