17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на Шпанија повторно повисок од предвидениот

Буџетскиот дефицит на Шпанија повторно повисок од предвидениот

shpanijaspanija544454

Шпанија во 2015 година ималa буџетски дефицит од 5,16 проценти од БДП, изјави денес шпанскиот министер за буџет Кристобал Монторо.

Тоа е осма последователна година во која Шпанија ја намдинува зацртаната фискална цел, наведува агенцијата Франс прес.

„Буџетскиот дефицит во 2015 година е намален на 5,16 проценти од 5,8 проценти. Тоа е ново намалување на шпанскиот буџетски дефицит, но е недоволно“, изјави Монторо на конференцијата за новинари.

Шпанската конзервативна влада предвидуваше дека дефицтот на буџетот ќе падне на 4,2 проценти во 2015 година, а во 2016 на 2,8 проценти, што еврпскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московиси го карактеризираше како „премногу оптимистично“.

Надминувањето на целниот дефицит, како што оценува АФП, би можело да го зголеми притисокот врз актуелната шпанска влада да ги усвои новите болни мерки за штедење.

Според правилата на еврозоната, секоја членка мора да го доведе буџетскиот дефицит под границата од 3,0 проценти од БДП или во спротивно следува казна.

Од стапувањето на сила на Пактот за стабилност и раст во 1998 година, 25 од 28 членки на ЕУ ја пробиле границата за дефицитот, додека само три држави, Шведска, Естонија и Луксембург не го сториле тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП