18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК и порача на Португалија да го почитува договорот со кредиторите

ЕК и порача на Португалија да го почитува договорот со кредиторите

portugalija1

Португалија мора да ги почитува буџетските цели договорени со меѓународните кредитори ако сака да добие повеќе време за отплата на итните кредити, порача Европската комисија (ЕК) во своето соопштение од неделата.

Португалскиот Уставен суд во петокот отфрли четири од деветте контроверзни мерки на штедење предвидени со овогодишниот буџет. Одлуката на судот е удар за државните финансии, но малку е веројатно дека ќе се забават реформите, кои владата во Лисабон ги спроведува во рамки на договорениот меѓународен пакет помош.

„Продолжување на одлучното спроведување на програмата …. е предуслов за евентуална одлука за продолжување на рокот на Португалија за враќање на финансиската помош, со што би и се овозможило враќање на финансиските пазари и постигнување на целите од програмата“, се вели во соопштението на Комисијата.

Исто како и Ирска, Португалија бара одложување на роковите за отплата на итните заеми кои го добива од Европската унија за во 2022 година, поради полесно исполнување на финансиските потреби.

За деталите околу продолжувањето на овие рокови, министрите за финансии на ЕУ ќе одлучат во петок.

Фискалните мерки кои Уставниот суд ги отфрли требаше да скратат приближно 900 милиони евра нето приходи и заштеди, покажуваат прелиминарните резултати.

Пакетот мерки на штедење воведен со буџетот за 2013 година е вреден околу пет милијарди евра и вклучува најголемо зголемување на даноците кои ги паметат Португалците, од кои повеќето се потврдени.

„Европската комисија искажува задоволство што по одлуката на португалскиот Уставен суд за државниот буџет за 2013 година, португалската влада ја потврди посветеноста на програмата за прилагодување, вклучувајќи ги фискалните цели и термините за отплата“, се вели во соопштението.

Исто така, се наведува дека секое отстапување од целите на програмата, или повторни преговори за неа, ќе го неутрализира зајакнувањето на довербата на инвеститорите во Португалија и ќе ги продлабочи проблемите поврзани со прилагодувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП