19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи остро паднаа, доларот под притисок

Азиските берзи остро паднаа, доларот под притисок

op

На азиските берзи во петокот цените на акциите остро паднаа, најмногу во Јапонија, по лошите вести од тамошната економија.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во петокот беше во минус повеќе од 3 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја, Хонгконг, Шангај и Австралија паднаа меѓу 0,4 и 1,5 отсто. Поради тоа, MSCI индексот на азиско пацифичките акции, без јапонските, беше во минус 1,1 отсто.

Падот на цените на акциите најмногу е последица на лошите показатели од јапонската економија. Расположението на тамошните работодавачи паднало во март на најниското ниво во последните три години, покажа во петокот објавениот извештај од јапонската централна банка. Исто така, големите компании планираат намалување на капиталната потрошувачка, што би можело дополнително да го забави и онака забавениот раст на третата според обемот светска економија.

Поради тоа, вложувачите не беа расположени ниту од подобрите отколку што се очекуваа показатели од Кина. Имено PMI индексот на тамошниот производствен сектор пораснал во март од 49 на 50,2 поени, што е негов прв рас по девет месеци. Иако тоа ги поттикнува надежите дека растот на кинеската економија ќе се стабилизира, цените на акциите во Шангај остро паднаа откако агенцијата Standard & Poor′s во четвртокот вечерта ги намали изгледите за кредитниот рејтинг на Кина на негативни.

Лошо на пазарите влијае и падот на цената на нафтата. На американскиот пазар цената на барелот во петокот претпладнето се лизна за 26 центи, на 38.08, долари, додека на лондонскиот пазар барелот поевтини за 28 центи, на 40,05 долари.

Инвеститорите на азиските се претпазливи и поради тоа што во петокот ќе бидат објавени многу важни економски извештаи од Европа и од САД, кои би можеле значително на влијаат врз насоките на пазарите.

Во фокусот најмногу ќе биде извештајот за вработувањето во САД, за што аналитичарите очекуваа да биде зголемен за 200.000, а невработеноста да остане непроменета, на 4,9 отсто.

А на валутните пазари американскиот долар и натаму е под притисокот на неодамнешните пораки на функционерите на тамошната централна банка дека нема да брзаат со зголемувањето на каматните стапки. Цената на доларот во однос на јапонската валута се движи во петокот претпладнето околу 112,10 јени, додека во четвртокот во овој период од денот изнесуваше 112,25 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па курсот на еврото достигна 1,1380 долари, додека претходниот ден се движеше околу 1,1320 долари. Преку ноќта во еден момент еврото се проби над 1,1400 долари, првпат по повеќе од пет месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП