21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит благ пад на индексите по три дена раст

На Волстрит благ пад на индексите по три дена раст

volstrit-berzi

На Волстрит во четвртокот цените на акциите благо паднаа, по трите дена рас, бидејќи вложувачите се претпазливи во пресрет на извештајот за вработувањата во САД, кој обично значително влијае врз насоките на пазарите.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,18 отсто, на 17.685 поени, a индексот S&P 500 за 0,20 отсто, на 2.059 поени, додека Nasdaq, пак, зајакна за 0,01 отсто, на 4.869 поени.

По трите дена раст, поттикнати од пораките од американската централна банка дека нема да брза со зголемувањето на каматните стапки, во четвртокот на пазарите владеење претпазливост, бидејќи инвеститорите не сакаа да ризикуваат пред извештајот за вработувањето во САД, кој ќе биде објавен во петок и кој обично влијае значително врз насоките на пазарите.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека во март бројот на вработените е зголемен за околу 200.000, откако во февруари се зголеми за 242.000. Притоа стапката на невработеност би требало да остане непроменета на 4,9 отсто.

Во четвртокот, пак, на вредноста загубија девет од десетте сектори на S&P 500 индексот, а најмногу, за околу 0,9 отсто, падна рударскиот сектор, што е последица на падот на цените на сировините.

Вложувачите се претпазливи и заради тоа што наскоро започнува сезоната на објавување на деловните резултати на американските компании за првиот квартал од годинава, што следните седмици најмногу ќе влијае врз пазарите. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од S&P 500 индексот паднала за 7 отсто во однос на истиот лански период, а најмногу во енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата.

Во целото прво тромесечје S&P 500 индексот зајакна за 0,8 отсто, а Dow Jones за 1,5 отсто. Индексот Nasdaq, пак, падна за 2,7 отсто.

Во изминатиот квартал на пазарите беше многу тензично, бидејќи во јануари и на почетокот од февруари цените на акциите остро паднаа поради падот на цените на нафтата на најниските нивоа во последните 12 години и стравувањата на инвеститорите од последиците од забавувањето на растот на кинеската економија.

Меѓутоа, од половината на февруари S&P 500 индексот порасна за околу 13 отсто, надоместувајќи ги сите загуби од почетокот на годинава, благодарејќи на закрепнувањето на цените на нафтата, стабилниот раст на американската економија и пораките од тамошната централна банка дена нема да брз со подигнувањето на каматите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП