28 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на дела од колонијата „Михајлово“ во Прилеп

Изложба на дела од колонијата „Михајлово“ во Прилеп

mihajlovo

Денес, во 19 часот во ЦК „Марко Цепенков“, Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела од колонијата „Михајлово“ од Кавадарци.

Меѓународната ликовна колонија “Михајлово“ 2015 – Кавадарци е една од најстарите ликовни колонии во Македонија, што се одржува во Кавадарци. Насловена е како „Михајлово“, по областа која се наоѓа во пазувите на планината Кожуф, каде е и едно од најпознатите планински одморалишта во Македонија.

Во 2015 се одржа јубилејното 20 издание на колонијата со учество на над 45 ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Косово, Албанија, Турција и Грција, овојпат во прекрасниот амбиент на Хотелот “Уни палас 2“ Кавадарци, каде уметниците твореа инспирирани од околината и пејсажите на Кавадарци и Тиквешијата.

Организатор на Ликовната колонија „Михајлово“ е Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци со подршка на Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура.

Делата кои ѓе бидат изложени во Прилеп, се само дел од бројните кои настанаа на последното издание на колонијата, која традиционално се одржува од 20 до 30 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП