17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо турбуленциите, изненадување за Британците

По турбуленциите, изненадување за Британците

london-britanija-britanija-ekonomija

Британската економија минатата година порасна по поголема стапка отколку што првично се мислеше, покажаа пресметките по подобрите резултати од очекуваните кои беа забележани во последниот квартал.

Бруто домашниот производ (БДП) на Британија пораснал за 2,3 проценти во 2015 година, покажуваат конечните податоци на британската канцеларија за статистика (ONS), пренесува агенцијата Франс прес.

Таквите податоци се благо повисоки во однос на прелиминарните проценки на растот од 2,2 проценти објавени минатиот месец, но се понсики во однос на растот од 2,9 проценти во 2014 година.

Во периодот октомври-декември 2015 година, БДП порасна за 0,6 проценти, во однос на првично проценетиот раст од 0,5 проценти.

„Растот на БДП е пријатно изненадување“, изјави главната аналитичарка на компанијата „London Capital Group“, Бренда Кели.

Најновите податоци се објавени откако британската влада ја намали проекцијата за раст на БДП за оваа година на 2,0 проценти од претходно проектираните 2,4 проценти, наведувајќи ги како причина глобалните пазарни превирања кои ги предизвика Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП