17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФантастичен раст на акцијата на штипски Фаворит ВМ

Фантастичен раст на акцијата на штипски Фаворит ВМ

mk berza kke

Акцијата на Фаворит ВМ АД Штип забележа раст на цената во четвртокот на Македонската берза од 534,92 отсто, со истргувани 18 лотови по цена од 2.000 денари.

Инаку тргувањето со оваа хартија беше на слободниот пазар, притоа во последните дванаесет месеци воопшто немало промет.

Прилепска пиварница АД Прилеп повторно беше најтргувана акција со промет од 870 илјади денари и учество во вкупниот промет од речиси 25 отсто. Се тргуваше по цена иста како и во средата, поточно по 29.000 денари по акција.

Лидер на негативнста листа беше акцијата на Адинг АД Скопје со пад од 2,99 проценти, при што се истргуваа 1.115 лотови по цена од 325 денари.

Двата индекси беа во позитивна територија и тоа МБИ10, +0,30 отсто, додека ОМБ +0,02 отсто. Вкупно остварениот промет изнесуваше 3,56 милиони денари, реализиран преку 31 трансакција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП