21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМасовни протести во Франција против реформите на законот за труд

Масовни протести во Франција против реформите на законот за труд

francija-protesti

Противниците на реформите на француското право за работни односи, за кои сметаат дека носат несигурност, во четвртокот масовно протестираа ширум земјата и така дополнително ја заострија борбата со ослабената социјалистичка влада на претседателот Франсоа Оланд.

Меѓу 390.000 луѓе, според податоците на полицијата, и 1,2 милиони луѓе, според синдикатите, во секој случат повеќе отколку сличните протести на 9-ти март кога ги имаше меѓу 200.000 и 450.000, се собраа на улиците.

Синдикатите, кои бараат повлекување на нацрт законот, најавија нови штрајкови и протесни манифестации на 5-ти и на 9-ти април.

„Законот за труд пропадна, младите се на улица“ и „Во 1916-та топовско месо, во 2016-та месо на шефовите“, беа слоганите кои се скандираа целиот четврток низ Фанција.

Обемот на мобилизација на синдикатите е лош знак за социјалистичката влада и за претседателот Франсоа Оланд, која ја поткопа ненаклонетоста на дел од гласачкото тело на левиот центар кон споменатата реформа 13 месеци пред француските претседателски избори.

Полицијата соопшти дека привела стотици учесници на протестите во престолнината Париз, како и во Рен, Нант, Руан, Тулуз и Лион. Полицијата вели дека со солзавец возвраќала на фрлањето кон нејзините припадници на факели и петарди. Тринаесет полицајци притоа се повредени.

Овие протести доаѓаат откако претседателот Оланд доживеа голем политички удар во средата, кога поради непостоење политички консензус меѓу двата дома на парламентот мораше да се откаже од планираните уставни реформи најавени ден по париските атентати од ланскиот 13-ти ноември.

Агенцијата AFP забележува дека многу присутните во текот на претходните денови од акцијата против споменатиот социјален закон, средношколците биле активни и во четвртокот. Синдикатите оценија дека понудениот текст на законот нема да го овозможи неопходното отворање работни места и ќе ја продлабочи несигурноста, како и оти ќе ги заостри социјалните разлики, особено кон жените и кон младите.

Министерката за труд Мириам Ел Комри повтори дека „ја разбора загриженоста на младите, но дека се залага за неопходен и праведен закон“. „Не станува збор за повлекување на таа интелигентна, смела и потребна реформа“, изјави во четвртокот претпладнето премиерот Мануел Валс,

Штрајковите главно го зафатија јавниот сообраќај, а штрајкот на контролорите на летањето го поремети воздушниот сообраќај. Целиот ден туристичката знаменитост Ајфеловата кула остана затворена поради штрајкот на компанијата која управува со овој поменик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП