9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК формално ја заврши 3-годишната програма за финансиска помош на Кипар

ЕК формално ја заврши 3-годишната програма за финансиска помош на Кипар

kipar-programa

Програмата за финансиска помош на Кипар во четвртокот формално е завршена по три години, соопшти Европската комисија изразувајќи задоволство од постигнатите резултатите на економски, фискален и банкарски план.

Како што се наведува во соопштението на Европската комисија, ситуацијата во кипарскиот банкарски сектор е нормализирана, економскиот раст јакне,м а фискалните изгледи на земјата се подобрени.

„Кипар ја спроведе програмата решително и со позитивни резултати: финансиската стабилност е обновена, невработеноста се намалува и очекуваме дека Купар ќе го продолжи растот во следните годни“, изјави потпретседателот на ЕК, Валдис Домбровскис,

На Кипар во 2013 година му беше доделен пакет заеми во вкупен износ од 10 милијарди евра, со услов сопствениците на големите депозити во двете водечки кипарски банки да ги прифатат позначителните загуби на влоговите. Воведен се контроли на текот на капиталот, од кои последните беа укинати во април минатата година.

Во минатонеделниот разговор за германската новинска агенција DPA, челникот на фондот за финансиска помош на потклекнатите членки на еврозоната, Калус Реглинг, кажа дека завршувањето на кипарската програма претставува „значајно достигнување, а заслугите за тоа им припаѓаат на граѓаните на Кипар“.

„Во трите изминати години Кипар го мина патот од рецесија до одржлив раст“, истакна Реглинг, додавајќи дека на Кипар му биле потребни само 70 отсто од износот од наведениот пакет, што значи дека околу 2,7 милијарди евра останале неискористен, Предупреди, сепак, на „предизвиците во иднина и на неопходноста од натамошни мерки“.

Покрај Европската комисија, кредитори во меѓународниот пакет беа и Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Челничката на ММФ, Кристина Лагард, неодамна изјави дека реформите на Кипар мора да бидат продолжени, предупредувајќи дека настојувањата да се зајакне отпорноста и флексибилноста на кипарската економија се клучни за да се надвладее наследството од финансиската криза.

Сеопфатните програми за финансиска помош веќе формално се затворени во Португалија и во Ирска, а за Шпанија заврши меѓународната програма за помош, наменета исклучиво за банкарскиот сектор. Тоа значи дека Грција останува во моментов единствената членка на европската монетарна унија (еврозната), која се потпира на меѓународна програма за кредитирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП