10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под притисок со новите рекордни нивоа во САД

Цената на нафтата под притисок со новите рекордни нивоа во САД

nafta ee88

Цената на нафтата денеска падна на светските берзи по објавата на податокот дека резервите на сирова нафта во САД достигнаа ново рекордно ниво, предизвикувајќи повторно загриженост поради прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барелот падна 45 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 38,81 долар. На американскиот пазар со барелот се тргува по 65 центи пониска цена, од 37,67 долари.

Американските резерви во минатата недела повторно пораснаа, за 2,8 милиони барели, достигнувајќи ново рекордно ниво, од 534, 8 милиони барели и покрај највисоката стапка на искористеност на рафинериските капацитети во 11 години, извести во средата американската влада. Податокот повторно го скрена вниманието на прекумерното снабдување.

Дополнително денеска цената на нафтата ја притисна растот на курсот на доларот.

„Тоа ја отвори вратата на пониските цени. Акумулиран е вишок во снабдувањето кој треба да биде испуштен од системот“, оцени Хамза Кан од ING.

Континуираниот раст на побарувачката на Кина би можел да помогне во апсорпцијацијата на вишокот, напоменува Reuters.

Ова држава според изјавата на челниците на кинескиот трговец со нафта Unipec би требало годинава да увезува 7,5 милиони барели дневно и да ги претекне САД кој моментно се водечки увозник на нафта на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП