18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS & P ги намали изгледите за кредитниот рејтинг на Кина и...

S & P ги намали изгледите за кредитниот рејтинг на Кина и на Хонгконг

kina rejting 3555

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ ги намали изгледите за кредитната оценка на Кина и на Хонгконг од стабилна до негативна, повикувајќи се на растечките економски и финансиски ризици пред кредитоспособноста на владата, соопштува „CNBC“.

Потегот е сигнал дека агенцијата може да го намали рејтингот на Кина и на Хонгконг соодветно „АА-“ и „ААА“ во наредните шест месеци до 2 години.

Во изјавата по повод одлуката „S & P“ прогнозира дека економскиот раст на Кина ќе остане на ниво од најмалку 6% годишно во следните три години – малку под целниот раст од 6,5% во последниот петгодишен план на земјата.

Агенцијата вели дека односот на државните и корпоративните обврски на Кина најверојатно ќе се влоши, а процентот на инвестициите, од над 40% од бруто домашниот производ, може да биде одржлив. Ова се должи на фактот дека кинеската влада бара начини да ја поддржи економијата преку финансирање инвестиции со кредити.

„Овие очекувани трендови може да ја ослабат отпорноста на кинеската економија кон шокови, да ги ограничат политичките опции на владата и да ја зголемат веројатноста од остар пад на секаква тенденција за раст“, вели „S & P“ во соопштението.

Агенцијата додаде дека просечните приходи во Кина се пониски од оние на земји со ист рејтинг, а Владата и финансиската индустрија не се толку транспарентни и се со ограничен проток на информации.

„Прашањата со сериозен недостаток на транспарентност и квалитетот на податоците се огромен проблем”, вели Тимоти Аш, аналитичар за пазарите во развој во „Nomura“, во коментар по повод намалувањето на оценката.

„Од оваа перспектива – „квалитетот на податоци“, рејтингот навистина веројатно треба да е понизок кај сите положби“, додава тој.

Од „S & P“ изјавија дека намалувањето на оценката за Хонгконг е поврзана со таа на Кина.

„Не веруваме дека кредитната позиција на Хонгконг може да биде целосно исклучена од онаа на Кина, ако се земат во предвид финансиските и економските врски, како и крајната суверена власт во Кина“, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП