13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорена соработка меѓу македонските и естонските ревизори

Договорена соработка меѓу македонските и естонските ревизори

revi

Меморандум за соработка беше потпишан во четврток во Талин, Естонија, меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Естонската ревизорска асоцијација.

Договорот го потпишаа Соња Ѓелова – Стојанова, претседател на македонскиот Советот за унапредување и надзор на ревизијата и Мерт Мартин Аренгу, претседател на Естонската ревизорска асоцијација

На средбата беше истакната соработката помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Естонската ревизорска асоцијација. Претседателот на Естонската ревизорска асоцијација изрази подготвеност за соработка со Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија преку учество во заеднички проекти финансирани од ЕУ во насока на развој на електронски систем во областа на ревизијата, што ќе допринесе за унапредување на ревизијата во Република Македонија. Идејата беше прифатена од страна на Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.

Во меѓусебната соработка активно ќе бидат вклучени и вработените во институциите од двете држави кои ќе разменуваат информации, знаење и вештини со кои ќе се зајакнат внатрешните капацитети на институциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП