7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТелеком и банкарскиот сектор ги притиснаа берзите

Телеком и банкарскиот сектор ги притиснаа берзите

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

Цените на акциите на европските берзи паднаа во четвртокот, а под најголем притисок се најдоа акциите во францускиот телекомуникацискиот и италијанскиот банкарски сектор.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании околу 11.00 часот беше во минус 1,1 отсто, откако вчера скокна 1,3 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,45 отсто, на 6.175 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,35 отсто, на 10.011 поени, а париски CAC 0,95 отсто, на 4.401 поен.

Под најголем притисок се најдоа акциите на француските телеком оператори Orange и Bouygues откако порачаа дека поради досегашниот слаб напредок ги продолжија преговорите за можна продажба на Bouygues Telekom.

Цената на акцијата на Orange падна за 1,8, а на Bouygues за 3,7 отсто.

Под притисок се најдоа и акциите на италијанските банки бидејќи инвеститорите се загрижени поради 360 лоши милијарди евра лоши кредити во нивните биланси.

Инвеститорите се внимателни и поради падот на цените на нафтата, откако вчера беше објавено дека резервите во САД достигнаа ново рекордно ниво, што укажува на слабост на побарувачката и на големата понуда.

На американската берза цената на барелот падна за 1,4 отсто, на 37,80 долари, додека на лондонскиот пазар поевтини за 1,2 отсто, на 38,80 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП