18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпремени 15 детски катчиња на јавен простор ширум Чаир

Опремени 15 детски катчиња на јавен простор ширум Чаир

carinela

Општината Чаир целосно опреми 15 детски катчиња на јавен простор на различни локации во општината.

Детските катчиња се целосно опремени со нови реквизити, што ќе овозможат најмладите да уживаат во детските игри во близина на своите домови. Покрај овие детски катчиња кои се наоѓаат на јавен простор, до крајот на 2016 ќе се формираат уште 10 нови.

„Создавање нови простори каде најмладите ќе имаат можност да играат, здраво да растат и да се развиваат е наш врвен приоритет.  Новите детски катчиња ќе го разубават секојдневниот живот на најмладите, но и на сите жители на Чаир и, што е најважно, ќе обезбедат сигурно место за одмор и рекреација. И во следниот период ќе имаме уште многу вакви проекти“, изјави Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.

Покрај новите детски катчиња, во низ целата територија на Општина Чаир се поставивија 135 нови клупи. Истотака во насока на подигнување на хигиената во Чаир, општината постави 125 нови корпи од кои дел се метални, а дел се бетонски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП