8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои автомобили се бараат во Европа?

Кои автомобили се бараат во Европа?

Renault cars await export in port of Koper

Интересот на пазарот за кросовери во Европа продолжува да расте, но и покрај тоа хечбек моделите се уште водат по продажбата. Тоа го соопшти компанијата „DATO Dynamics“, која ги објави пазарните резултати за месец февруари.

Лидер продолжува да биде хечбекот „VW Golf“ со 36.117 продажби. Моделот губи клиенти во Франција (-19%) и во Британија (-19%), но пак ја зголемува својата популарност во Германија (+ 6%) и Италија (+ 37%). Втор е „VW Polo“, а на третата позиција е „Renault Clio“.

Топ 10 во Европа за февруари:

1. VW Golf – 36 117 (+ 1%)

2. VW Polo – 22 854 (+ 6%)

3. Renault Clio – 21 713 (+ 0%)

4. Peugeot 208 – 20 575 ( + 20%)

5. Ford Fiesta – 18 501 (+ 11%)

6. Opel Corsa – 191 167 (+ 15%)

7. Fiat Panda – 18 942 (+ 38%)

8. Skoda Octavia – 18 189 (+11 %)

9. Nissan Qashqai – 17 054 (+ 10%)

10. Peugeot 308 – 16 991 (+ 27%)

Генерално во вториот месец од годината во Европа се регистрирани 1,09 милиони нови автомобили, што е за 13,8% повеќе од февруари 2015-та година. Интересно е дека зголемувањето е во сите сегменти – од компактните автомобили до лимузините.

Иако лидерските позиција се за хечбеците, како целина најголем удел од пазарот имаат кросовер модели – 24%. За еден месец во Европа се продадени 265.500 „SUV“ возила, што е зголемување за 31%. На втората позиција се субкомпатните автомобили – 22%, при што порастот е за 9%. Најсериозна динамика запишуваат спортски модели – раст од 61%, но нивниот удел е само 2%.

Кај пазарите најголемо зголемување има во Италија – + 28%. Двоцифрен раст на продажбата се забележува уште во Германија, Франција и Шпанија. На минус се само 4 земји од ЕУ – Грција (-32%), Холандија (-17%), Португалија (-3%) и Швајцарија (-1%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП