недела, 10 декември 2023
ПочетнаКОМПАНИИЗа Zara во Аргентина работат и деца-робови

За Zara во Аргентина работат и деца-робови

338181-zara

Светски познатата марка за облека „Zara“ која е во сопственост на шпанскиот „Inditex“ се најде во центарот на скандал кога аргентинските власти спровеле акција во три нивни фабрики кои се наоѓаат во оваа земја. Таму биле затечени со многу лоши услови за работа, деца и возрасни кои работеле заедно по 16 часа без право на пауза.

„Пронајдовме возрасни лица и деца кои живеат во истите простори во кои и работат. Тие не беа пријавени и живееа во катастрофални услови. Сите таму немаа никакви документи и биле држени против нивната волја“, рече Хуан Гомез Сентурион, шеф на аргентинската државна инспекција.

Државната инспекција излегла на терен по пријавата од невладината организација „La Alameda“ која се бори за правата на работниците, а тие тврделе дека работниците во тие фабрики се илегални доселеници од Боливија и дека тие работеле од 7 до 23 часа без пауза.

„Семејствата биле присилени да ги делат просториите во кои се наоѓаат и машините за шиење, иглите, конците и се останато. Магацините беа слабо осветлени и без вентилација“, вели Густаво Вера портпаролот на „La Alameda“.

Ова е веќе втор случај во кој е замешана „Zara“ поради условите во своите фабрики во Јужна Америка.

Во 2011-та година  бразилските власти во Сао  Паоло пронајдоа 14 жители на Боливија во фабриката на „Zara“ каде во опасни и нехигиенски услови работеле и по 12 часа дневно за помалку од 70 евра месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП