29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоа е бизнис: Јужнокореец измислил бетон кој сам се „лечи“

Тоа е бизнис: Јужнокореец измислил бетон кој сам се „лечи“

<

Бетонот е многу корисен материјал, но има еден голем недостаток – тој е малку отпорен на временските неприлики кои често се случуваат.

Чан Мон Чунг од јужнокорејскиот универзитет „Yonsei“ смислил решение – бетон кој самиот се „лечи“, пренесува Економист.

Слично решение во 2009 година смислија и експертите од Технолошкиот универзитет во Холандија, тие покажаа дека во бетонот пред излевањето по улиците можно е да се стават посебни бактерии кои испуштаат хемикалии за затварање на пукнатините.

Меѓутоа, тие бактерии го чуваат бетонот само додека тие се живи, а тоа трае околу една година.

Решението на Чунг е повеќе ориентирано кон хемикалиите. Јужнокорејските научници во мешавината од бетон за асфалтирање ставија хемикалии во мали капсули од уреа и формалдехид. Тестирањето покажало дека бетонските блокови со капсули апсорбираат помалку вода.

Дали Чунг од оваа бизнис идеја ќе собере голема сума на пари останува да видиме, а доколку голем број на компании започнат да поизведуваат ваков вид на бетон, тогаш со сигурност ова е бизнис идеја на годината!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП