12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст од 5,7% во четвртиот квартал забележа турската економија

Раст од 5,7% во четвртиот квартал забележа турската економија

lira turk3 3

Турската економија е зголемена со најбрза стапка од над 4 години во четвртиот квартал, откако побарувачката од страна на домаќинствата останало силна, соопштува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) на земјата е зголемен за 5,7% во периодот меѓу октомври и декември во однос на растот од 3,9% за претходното тримесечје, објави државната статистичка служба. Средна оценка на 11 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, беше за раст од 5%. Сезонски прилагодливото производство исто така порасна за 0,7% во однос на претходниот квартал.

Побарувачката од страна на домаќинствата, што формира околу две третини од турската економија, се зголеми за 4,7% во однос на растот од 3,6% во претходните три месеци, изјави уште статистичката служба.

Неизвесноста околу иднината на економијата по парламентарните избори минатата година можеби ја охрабри потрошувачката, што останува главна движечка сила на економијата за целата 2015-та година, изјави Мохамет Меркан, главен економист на „ING Bank“ во Истанбул.

„Домаќинствата веројатно продолжиле да се „мотор“ на растот во четвртиот квартал, слично на претходните три квартали од годината“, рече Меркан.

Големината на економијата на Турција при сегашни цени била 720 милијарди долари во 2015-та година, рече уште статистичката служба. На квартална основа растот бил највисокиот од проширувањето на економијата за 8,7% во третиот квартал од 2011-та година.

Турската лира поскапе по претставувањето на податоците и се тргува со раст од 0,2% до 2,8306 за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП