19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Норвешка порасна на 4,8 проценти

Стапката на невработеност во Норвешка порасна на 4,8 проценти

Norveska

Стапката на невработеност во Норвешка во месец јануари 2016 година, изнесувала 4,8 проценти.

Според најновите податоци на Канцеларијата за статистика на Норвешка (SSB), стапката на невработеност во земјата изнесува 4,8 проценти, што е околу 134,000 лица.

Податоците покажаа дека во земјата е присутен постојан раст на невработеноста од мај 2014 година кога во Норвешка стапката на невработеност изнесуваше 3,2 проценти.

Последните податоци покажуваат дека од октомври 2015 година бројот на невработени пораснал за 5,000 лица.

Растот на невработеноста во Норвешка најмногу го предизвика кризата на пазарот на нафта како и падот на инвестициите.

Инаку, Норвешка е една од земјите со најмала невработеност во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП