11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалските „мотори“ дефинитивно забавуваат

Португалските „мотори“ дефинитивно забавуваат

rast-pa-pad

Португалската Централна банка ја намали прогнозата за растот за оваа година поради забавувањето на инвестициите на компаниите и влошувањето на изгледите на глобалната економија.

Државата во состав на еврозоната, чија социјалистичка влада е под притисок да ги ублажи мерките за штедење и да ги контролира јавните финансии, сега проценува раст на бруто домашниот производ од 1,5 проценти во 2016 година, соопштија од централната банка на Португалија, а пренесува агенцијата АФП.

Претходно е предвиден раст на БДП од 1,7 проценти.

Владата сеуште ги држи своите прогнози за раст на економијата од 1,8 проценти за тековната година, додека ЕУ проценува дека тој ќе изнесува 1,6 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд само 1,4 проценти.

Минатата година економијата на Португалија порасна за 1,5 проценти, во однос на 0,9 проценти од 2014 година, во која официјален Лисабон излезе од 78 милијарди евра вредниот спасувачки пакет помош од ЕУ и ММФ.

Тогаш растот беше поттикнат од зголемувањето на инвестициите и извозот, а тие два „мотори“ оваа година забавија.

Според проценката на централната банка, инвестициите оваа година ќе се зголемат за само 0,7 проценти, по скокот од 3,7 проценти лани. Растот на извозот ќе забави на 2,2 проценти од 5,1 проценти во 2015 година, а се побавно ќе биде и зголемувањето на потрошувачката на населението, која во оваа година беше поголема за 1,8 проценти во споредба со минатогодишната стапка од 2,6 проценти, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП