15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит, инвеститорите склони кон ризик

Раст на Волстрит, инвеститорите склони кон ризик

wall str3020

Цените на акциите на Волстрит дополнително пораснаа со оглед дека по пораката на централната банка дека нема да брза со кревање на каматите, порасна склоноста на инвеститорите кон ризични интервенции.

Dow Jones зајакна 0,47 отсто, на 17.716 поени, додека S&P 500 порасна 0,44 отсто, на 2.063 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,47 отсто, на 4.869 поени.

Откако претходниот ден се проби во позитивно подрачје во однос на почетокот на годината, S&P 500 вчера дополнително порасна , па сега во 2016 година е во плус за околу 1 отсто.

Растот на цената на акциите и натаму се должи на пораката на претседателката на Фед Џенет Јелен дека треба да се биде внимателен по зголемувањето на каматите бидејќи глобалните ризици и натаму се присутни, вклучително и несигурноста во врска со растот на кинеската економија и ниските цени на нафтата.

Вчера и претседателот на подружницата на Фед во Чикаго, Чарлс Еванс  рече дека со оглед на ниската инфлација, тешко е да се очекува зголемување на каматите веќе во април.

„Најдобри пријатели на берзите и натаму се Фед и останатите централни банки, кои водат  лабава монетарна политика. Благодарение на тоа, порасна и склоноста на инвеститорите кон ризик“, вели Џеф Карбоне, соосновач на компанијата Cornerstone Financial Partners.

Инвеститорите со месеци се воздржуваа од ризични инвестиции, бидејќи стравуваа од забавување на растот на глобалната економија, пред се на кинеската, од нестабилност на цената на нафтата, од високиот курс на доларот и од бавниот раст на добивките на американските компании.

Меѓутоа, во последните недели цените на нафтата растат, откако во февруари паднаа на најниско ниво за 12 години, додека американската економија стабилно расте, а Фед порачува дека нема да брза со зголемувањето на каматите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП