28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува пешачката зона во Прилеп

Се зголемува пешачката зона во Прилеп

peshachka

Пешачката зона во центарот на Прилеп се зголемува со уредување на третата фаза на површина од 1.000 м2 која се однесува на улиците „Републиканска“ и Кеј „1-ви Мај“.

На овој потег моментално се работи на средување со бекатон плочки, а потоа ќе следи поставување на подземна инфраструктура, осветлување, урбана инфраструктура, како канделабри, канти за отпадоци, клупи и друг инвентар.

Овој инфраструктурен зафат чини два милиони денари, средства обезбедени од Локалната самоуправа. Со него ќе се заокружи целата чаршија како пешачка зона која воедно ќе добие и плоштад посветен на „Пере Тошев“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП