21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастрофите во 2015 година чинеле 92 млрд долари

Катастрофите во 2015 година чинеле 92 млрд долари

natural-disasters-9-638

Природните катастрофи и оние кои ги предизвикал човекот чинеле 92 милијарди долари во 2015 година, во споредба со 113 милијарди долари во 2014 година, се наведува во извештајот на швајцарската осигурителна куќа „Swiss-Re“

Во соопштението се наведува дека осигураните загуби во светот изнесувале 37 милијарди долари, што е далеку под 62 милијарди долари, кои се годишен просек во текот на послeдните 10 години.

Најголемата осигурана загуба во текот на оваа година била двојната експлозија на пристаништето Тјенцин на североистокот во Кина во месец август, чии трошоци се проценети на износ меѓу 2,5 и 3,5 милијарди долари, пренесува АФП.

Следни на листата се трошоците по основ на осигурање за невремето во САД во февруари, што ги остави осигурителните компании со сметка од 2,1 милијарди долари.

Од вкупно 353 катастрофи, 198 биле природни катастрофи, што е најголемиот забележан број во текот на една година, се наведува во соопштението на компанијата „Swiss-Re“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП