11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен интерес за акцијата на Прилепска пиварница

Зголемен интерес за акцијата на Прилепска пиварница

prilepska-pivarnica

Невобичаено висок промет имаше во средата со акцијата на Прилепска Пиварница АД, што претставува речиси четвртина од вкупниот промет на МСЕ, а најголем раст забележа акцијата на Макстил.

Вкупно 40 лотови се истргуваа по цена од 29.000 денари што претставува пад од 1,69% во однос на референтната. Овој обем на тргување со акцијата на Прилепска Пиварница изнесуваше речиси 25 отсто од вкупниот промет во средата реализиран на МСЕ.

Зголемен обем на тргување, исто така, имаше и со акцијата на Топлификација каде се истргуваа 1.193 лотови по цена од 570 денари.

Најголем поединечен раст имаше акцијата на РЖ Макстил, од 4,35 отсто, каде се истргуваа 55 лотови по цена од 48 денари, додека акцијата на Комерцијална банка забележа минимален раст 0,10 проценти, со истргувани 812 лотови по цена од 2.264 денари.

Вкупен промет од 4,8 милиони денари, беше реализиран во 39 трансакции.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за минимални 0,02 отсто и моментално изнесува 1.775,75 индексни поени, додека индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП