17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛу: Честото воведување санкции го слабее доларот

Лу: Честото воведување санкции го слабее доларот

dolar

Американскиот секретар за финанси, Џек Лу, предупреди во средата дека честото воведување на економски санкции може да доведе до слабеење на доларот на светските девизни пазари и намалување на американското влијание на светот.

Џек Лу, во рамките на својот настап на Карнегиевата фондација за меѓународен мир во Вашингтон, повика на воздржување од „премногу лесното воведување економски санкции по секоја цена“.

„Мораме да бидеме свесни за фактот дека злоупотребувањето на санкциите може да ја ослаби нашата позиција на лидер на светската економија и да ја доведе во прашање ефикасноста на самите санкции“, рече Лу и додаде дека водечката улога на САД на светскиот финансиски план „не смее да се зема туку така“.

Според него, доколку странските компании почувствуваат дека САД им воведуваат ткн секундарни санкции или рестрикции кои не се доволно оправдани, би можеле подоцна да го избегнуваат работењето со американските партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП