3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени кредитите на италијанските банки

Намалени кредитите на италијанските банки

italijabank1

Кредитите на италијанските банки од Европската централна банка (ЕЦБ) се намалија на крајот на март на 268 милијарди евра, од 281 милијадра евра колку што изнесуваа на крајот од минатиот месец, покажаа објавените податоци на италијанската централна банка.

Кредитите кои банките ги земаа од ЕЦБ во т.н. „операции за рефинансирање со подолг рок на отплата“ на крајот на март изнесуваа 262 милијарди евра, во однос на 265,7 милијарди евра колку што изнесуваа на крајот на претходниот месец. На крајот на декември тие изнесуваа 268,3 милијарди евра.

Од јануари оваа година, банките имаа можност предвремено да ги отплаќаат кредитите кои ги земаа во првиот дел од операцијата за рефинансирање, а до крајот на февруари истото можат да го сторат и со тригодишните кредити од втората ваква операција.

Италијанските заемодавци на двете специјални операции за рефинансирање во декември 2011  и февруари 2012 година од ЕЦБ позајмија вкупно 255 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП