17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи по пораките на Јелен

Раст на европските берзи по пораките на Јелен

german ekonomi335

Цените на акциите на европските берзи остварија денеска раст по пораките дека американската централна банка нема да брза со зголемување на каматните стапки.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.30 часот беше во плус 1,2 отсто, откако вчера зајакна 0,5 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во добивка 1,60 отсто, на 6.202 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 1,50 отсто, на 10.037 поени, а париски CAC порасна 1,70 отсто, на 4.440 поени.

Европските инвеститори ги охрабрија вчерашните пораки на претседателката на американската централна банка Џанет Јелен дека треба да се биде внимателен по прашањето за зголемувањето на каматните стапки.

Јелен порача дека глобалните ризици и натаму се присутни, вклучително и несигурноста во врска со кинеската економија и ниските цени на нафтата, па смета дека Фед треба да биде внимателен во врска со зголемувањето на цената на парите.

Тоа ги ублажи стравувањата на инвеститорите од зголемување на каматите на Фед веќе во април.

„Берзите се поддржани од централните банки-економијата може не е во голема форма, но со негативни каматни стапки, нема многу места на кои можете да најдете приноси“, вели Лекс Ван Дам, портфолио менаџер во фондот Hampstead Capital.

Доброто расположение на берзите се должи на закрепнување на цената на нафтата и суровините, откако доларот ослабна, па сировините се поевтини за оние кои користат останати валути.

Благодарение на тоа, меѓу најголемите добитници денеска се цените на акциите на рударскиот и енергетскиот сектор.

Меѓу најголемите добитници денеска беше цената на акцијата на германски Metro, со раст на цената за 7,5 отсто, откако трговскиот синџир порача дека ја разгледува опцијата за делење на две компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП