24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска пошта набави мопеди за побрза и поквалитетна достава на пратките

Македонска пошта набави мопеди за побрза и поквалитетна достава на пратките

makedonska-posta-3

АД „Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема за поштарите.

Мопедите се наменети за достава на поштенски пратки пред сѐ во рурални средини со ридско планинска конфигурација на терен и средини со рамничарска конфигурација на терен во кои поштарите поминуваат подолги релации.

Moпедите се со препознатливата жолта боја на Македонска пошта,  со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 кг. по сандаче.

„Опремувањето на Македонска пошта има за цел подобрување на условите за работа, подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на капацитетите кое ќе продолжи и во иднина, со цел да имаме задоволни корисници, а со тоа и успешна компанија“, велат од Македонска пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП