9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Случајот Хармс“ вечерва во Театар Комедија

„Случајот Хармс“ вечерва во Театар Комедија

harms

По повод четвртиот роденден на Театар Комедија и одбележување на светскиот ден на театарот, Театар Комедија на скопската публика ќе и понуди премиерни изведби на најновата претстава „Случајот Хармс” по адаптација на Жељка Удовичиќ – Плештина од Хрватска, направена според делата на Данил Хармс, a во режија на Дино Мустафиќ, гостин од Босна и Херцеговина.

За среда,  предвидена е репризната изведба на претставата, а сретствата од билетите за репризната изведба на претставата „Случајот Хармс” ќе бидат донирани за СОС Детско село.

Претставта „Случајот Хармс“, зборува за животот на рускиот авангарден писател Данил Хармс кој бил прогласен за антисоветски непријател и неговите дела биле забранети се до неговата рехабилитација во 1956 година. Хармс станува познат во Европа и светот речиси половина век по неговата смрт, земајќи предвид дека Хармс починал млад на 37 годиншна возраст.

Публиката ќе може да види една современа театарска претствата која што изобилува со силна колективна актерска игра водена од самиот Хармс, толкуван од актерот Илија Илијоски. Режисерскиот пристап на Мустафиќ овој пат носи современа театарска естетика која што ги вметнува сите театарски медиуми во една претстава, актерската игра, музиката, кореографијата и дизјанот. Така што покрај актерските креациии, во претставата ќе видиме и сонгови од поезијата на Хармс, создадени од композиторот Оливер Јосифовски со богата современа кореографијата на Саша Ефтимова.

Во претставата, покрај Илијоски учество земаат актерите на Театар Комедија: Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Мими Ристов, Столе Мицов и младиот музичар Лука Ѓоргиевски (к.г.). Сценографијата на претставата ја создава сценографот Крсте Џидров, костимите се на костимографот Благој Мицевски, дизјанот на светло го креира дизајнерот Милчо Александров, драматург на претставата е Дарко Јан Спасов, преводот е на Венко Андоновски, а за часовите по  акробатика беше задолжен Петар Стојановски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП