Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 115.2.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст од 7.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 19.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10.5%.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 0.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.6%, Капитални производи за 54.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.5%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 18.0%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2016 година, во однос на периодот јануари – февруари 2015 година, изнесува 111.7.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 101.6.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст од 0.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.4%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 2.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5 % и Капитални производи за 20.6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на периодот јануари-февруари 2015 година, изнесува 101.6.