21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупен број на добиток и добиточно производство во текот на 2015

Вкупен број на добиток и добиточно производство во текот на 2015

gogogo

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, вкупниот број на говеда е зголемен за 4.9%.

Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4.8%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е зголемен за 7.0%.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2015 година, во споредба со 2014 година, е зголемен за 52.9%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 7.6%.

Намалување на бројот на овците е забележано во двата сектора – кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0.7%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 5.8%.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 8.1%, а кај деловните субјекти е зголемен за 18.1%.

Бројот на живината во 2015 година, во споредба со претходната година, е намален за 9.2%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2015 година изнесува 361 072 илјади литри што е за 6,7% помалку во однос на 2014 година.

Зголемување на производството во 2015 година, во однос на претходната година, е забележано кај овчото млеко за 14.3% и кај козјото млеко за 14.6%.

Вкупното производство на месо е намалено за 3.3%, но производството на свинско месо е зголемено за 9.5% во однос на претходната година.

Од другите добиточни производи, во 2015, во однос на 2014 година, забележано е зголемено производство на волна, а намалено производство на јајца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП