13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокна довербата на потрошувачите во САД

Скокна довербата на потрошувачите во САД

amerika-sad-amerika-amam

Потрошувачката доверба во САД во март се подобри во однос на февруарскиот пад, бидејќи Американците изразија поголем оптимизам поврзан за состојбата на економијата во наредните месеци, соопшти њујоршката истражувачка група Конференс борд.

Индексот за довербата на потрошувачите, кој го пресметува Конференс борд, порасна во март на 96,2 поени од 94,0 поени во февруари, поради поголемиот оптимизам поврзан за ситуацијата во наредните шест месеци, додека проценката на актуелната ситуација благо паднала, пренесува агенцијата Франс прес.

„Со оглед на разочарувачките резултати за реaлната приватна потрошувачка за јануари и февруари, подобрувањето на довербата е добра вест“, изјави економистот Џенифер Ли.

Американската влада минатата недела соопшти дека бруто домашниот производ на САД во последниот минатогодишен квартал пораснал по поголема стапка од првично соопштената, и дека работодавците отвориле „силни“ 242.000 работни места во февруари, со што е помогнато да се намали стапката на невработеност на осумгодишен минимум од 4,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП