Норвешкиот државен инвестициски фонд – најголемиот во светот, кој според последните податоци управува со 830 милијарди долари, планира да ги зголеми своите инвестиции во недвижнини во оваа 2016-та година.
Фондот планира да инвестира 41 милијарди долари, но во случај да се најдат соодветни проекти, оттаму имаат подготвеност да додадат нови 16 милијарди долари. За да може ова да се случи, од фондот планираат да го зголемат и брјот на вработени во одделот за Недвижности од 104 на 200, покажуваат податоците од нивниот годишен извештај на кој „Financial Times“ се повикува.
На крајот на 2014-та година државниот инвестициски фонд на Норвешка го удвои бројот на вработени во единицата, одговорна за недвижности, од 52 на 104. Од своја страна, уделот на инвестициите во недвижности се очекува да се зголеми од 0,3% во 2011-та година на 5% во 2017-та година.
Според податоците на „Knight Frank“, околу 2/3 од 50-те суверени фондови во светот управуваат со 6,5 илјади милијарди долари средства, а веќе имаат вложувано во имот, вклучувајќи ги и оние во Кина, Сингапур и Азербејџан. Очекувањата на консултантската компанија се дека останатите фондови кои немаат или имаат мали инвестиции во недвижиности, исто така ќе ги зголемат.
Во 2015-та година инвестициите во имот донесоа принос од 10% на Фондот, што е доста подобро од постигнатите 3.8% принос од акции и 0,33 отсто од обврзниците. Генерално норвешкиот државен инвестициски фонд забележа раст од 2,7% принос за 2015-та година.