28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовиот филм на Вуди Ален ќе го отвори годинешниот Кан

Новиот филм на Вуди Ален ќе го отвори годинешниот Кан

vudi-mudi

Најновиот филм на култниот американски режисер кој последната деценија твори во Европа, Вуди Ален, под наслов „Cafe Society“ на 11-ти мај ќе го отвори годинешниот Кански филмски фестивал, на кој ќе биде прикажен надвор од конкуренцијата.

Почетокот на дистрибуцијата на новиот филм на Ален во Франција ќе се совпадне со почетокот на фестивалот во Кан, чиешто 69-то издание ќе трае до 22-ри мај. Со жирито ќе претседава австралискиот режисер, сценарист и продуцент Џорџ Милер, чиј филм „Побесентиот Макс: Див пат“ со проекција вон конкуренцијата минатиот мај го започна својот фантастичен поход по кино салите низ светот. Списокот филмови кои ќе бидат прикажани во годинешнава официјална селекција ќе биде објавен на 14-ти април на конференција за новианрите.

На славниот режисер и актер, кој неуморно снима и во 81-та година од животот, ова ќе му биде третпат да го отвора Канскиот фестивал, во 2002-та го отвори со „Холивудски крај“ а во 2011 година со филмот „Полноќ во Париз“.

Вуди Ален во својот 49-ти филм се навраќа на стариот Холивуд, имено филмот „Cafe Society“ е приказна за млад човек кој во „градот на соништата“ доаѓа за да се вработи во филмската индустрија, а тогаш се вљубува и станува дел од тогашната жива општествена сцена.

Во главните улоги се двете ѕвезди на поновото холивудско поколение, Кристен Стујард и Џес Ејсенберг, а играат уште и Блејк Леивели, Паркет Посеј и Стив Карел.

Директор на фотографијата е Виторио Стораро, трократен добитник на Оскар, за филмовите „Апокалипса сега“, „Црвениот“ и „Последниот кинески цар“, кој во 1991 година беше член на жирито на Канскиот филмски фестивал.

Од филмот „Менхетен“, од 1979 година до минатогодишниот „Неразумен човек“, филмовите на Вуди Ален редовно се вон натпреварувачката програма во Кан, а беа прикажани 14 негови дела.

Во изминатите четири децении, овој единствен автор ја одбележи историјата на филмот, снимајќи по еден филм годишно. Вкупно досега дваесетина пати беше номиниран за Оскар, а освои четири од најпрестижните признанија во филмскиот свет.

Вуди Ален влезе во историјата на филмот, првенствено како своевиден хроничар на Њујорк. Но неговиот комплициран однос со филмските продуценти на крајот го доведе режисерот во Европа, каде што самиот процес на снимање и создавање филм е далеку поевтин отколку во САД.

Неговата европска филмска авантура му донесе и нова професионална среќа, по низата претходни неуспеси во САД, неговите рецентни филмови му донесоа серија номинации на американската Академија на филмските уметности и науки, кулминирајќи со четвртиот Оскар кој го доби за неговиот филм „Полноќ во Париз”.

Во 2012 година Ален во Рим го сними To Rome With Love” (На Рим со љубов), а во Италија снимаше и во 1996 година во Венеција каде беше снимен дел од неговата музичка комедија „Сите велат – те сакам” (Everyone Says I Love You). Претходната 2011 година во француската престолнина Париз го сними „Полноќ во Париз” (Midnight in Paris), во кој во една од споредните улоги се јавува и првата дама на Франција Карла Бруни-Саркози. Овој филм му донесе Оскар за сценарио и номинација за најдобар филм. Во Лондон, Ален ги сними во 2005 гофина „Match Point”, „Сензација” (Scoop, 2006) и „Сонот на Касандра” (Cassandra’s Dream, 2007) со кој дебитираше на филмскиот фестивал во Венеција. Шпанија во 2008 година беше сценографија за „Вики, Кристина, Барселона” (Vicky Cristina Barcelona).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП