Вредноста на надворешните нарачки за руско оружје надминува 50 милијарди долари, соопшти заменик директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Анатолиј Пунчук.
Пунчук оваа изјава ја даде на Меѓународната изложба на воена и воздухопловно свемирска техника FIDAE 2016, која започнува денеска во главниот град на Чиле, Сантиаго, истакнувајќи дека Русија ја смета Латинска Америка за еден од најперспективните пазари за испорака на домашните производи за воена намена.
Во овој момент за Русија во Латинска Америка најзначаен партнер е Венецуела, каде е испорачано значително количество руско оружје и воена техника.
Руска техника, вклучително и хеликоптери испорачани се на Бразил и Перу, а се планира воено-техничка соработка и со Аргентина и Мексико.